Skip to main content
Хроника

Дебранец агресивно се однесувал кон полициските службеници кои го сопреле неговиот малолетен син кој возел автомобил

12/04/2025  11:04

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи запреле малолетник кој управувал патничко моторно возило, а родителот кого го повикале, агресивно се однесувал кон нив.

Според полицијата, синоќа во 22:10 часот, при сообраќајна контрола извршена на улицата „Јусуф Грвала“ (поранешна Вељко Влаховиќ) во Дебар, полициски службеници сопреле патничко возило „поло“ со дебарски регистарски ознаки и притоа констатирале дека возилото го управувал малолетник од Дебар.

– По кратко време, на местото пристигнал неговиот родител кој го нарушил јавниот ред и мир со закани и агресивно однесување кон полициските службеници, потврдуваат од полицијата.

По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.