Дилер на дрога завршил во Полициска станица Велес

Објавено на 13 март, 2025 во 12:38

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера претпладне, во 09:10 часот го лишиле од слобода Џ.Б.(46) од Велес.

-Тој бил забележан како од терасата на неговиот дом фрла бела прашкаста материја на две лица, која, при преглед кај нив, била пронајдена и одземена. Џ.Б. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.