Вчера во 18:40 часот во Тетово, полицијата од Тетово уапсила две лица 34-годишниот Д.Д. од Прилеп и 37-годишниот И.А. од Битола поради физички напад. Тие биле пријавени од фудбалерот на ФК Струга Трим Лум, Марјан Радески.
Лицата се задржани во полициска станица, и како што информираат од МВР, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
„Според пријавеното околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К. Шкендија и Ф.К. Струга Трим Лум, физички го нападнале во возило со прилепски регистарски ознаки. М.Р. излегол од стадионот го забележал Д.Д., со кого се познавале од порано, а кој го повикал во возилото во кое бил и И.А., по што физички го нападнале“, информираше МВР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА