Во штипската клиничка болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани

50 болнички кревети за стационарно лекување на повредените во трагедијата во Кочани подготви одделот за физикална терапија, кој работи во состав на штипската клиничка болница. 

- Пациентите почнаввме да ги примаме од пред 2 дена. Сите капацитети во клиничка болница Штип, тоа се 50 легла стационарни и капацитети за физикална терапија при ЈЗУ општа болница Кочани се ставени во функција. Потешките случаи ќе се лекуваат стационарно кај нас, а дел во болницата во Кочани, изјави Никола Костадинов, раководител на физикална терапија, Штип.