УПОТРЕБИЛА ТЕРМИН „СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ“: МАЕИ бара јавно извинување oд албанската амбасадорка во Софија

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2025 17:43
МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“.
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како единствена политичка партија што ја претставува македонската заедница во Албанија, изразува длабока загриженост и остро реагира против етикетирањето на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“. Овој термин го употребила амбасадорката на Албанија во Софија, Инид Мило.
Како што стои во реакцијата, упатена до министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, во интервју за бугарската медиумска куќа „NOVA“.
„Во овој контекст, бараме јавно извинување од Министерството за Европа и надворешни работи и од амбасадорката Мило за употребата на овој термин со кој се навредува нашата заедница и да се преземат чекори за да не се повторат вакви случаи, кои сериозно ги поткопуваат односите меѓу македонската заедница и албанските институции“, стои во реакцијата на МАЕИ.
Потенцираме, се додава, дека ова не е изолиран случај.
Минатата година, при објавувањето на резултатите од пописот, и албанскиот Институт за статистика го користеше терминот „Северномакедонци“ за македонското малцинство, предизвикувајќи силни реакции во нашата заедница.
„Ве повикуваме да преземете неопходни мерки за заштита на достоинството на националните малцинства и да осигурате дека институциите и албанските претставници ги третираат соодветно и со почит“, се бара во реакцијата потпишана од Васил Стерјовски, претседател на партијата.
Реакцијата, освен до Хасани, доставена е и до Ерлинда Баланца, народен правобранител, Роберт Гајда, комесар за заштита од дискриминација, до делегација на Европската Унија во Тирана, мисијата на ОБСЕ, канцеларијата на Советот на Европа, амбасадата на САД и македонската амбасада во Тирана.
Фото: МИА архива
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧЕН ЈА ПРЕИНАЧИ ОДЛУКАТА: Асмир Јахоски оди во притвор

Кавадарчанец го подесил своето „бмв“ да создава огромна бучава, полицијата му го одзеде на три месеци
Министерство за животна средина: Граѓаните да ја поддржат изградбата на регионалната депонија во Новаци

ЗА ТАНГО СЕ ПОТРЕБНИ ДВАЈЦА: Еве што вели Мицкоски за односите со Бугарија

„КОЈ САМО ЈА ДАДЕ ТАА ИДЕЈА ВЛАДАТА ДА ОРГАНИЗИРА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ СУДСТВОТО“? Професорот Калајџиев со реакција

ПРАШАЊЕ КОЕ ГО „КОПКА“ ЦЕЛИОТ СВЕТ: Што му порача Путин на Трамп?

АКО „ПАЈАК“ ВИ ГО ОДНЕСЕ ВОЗИЛОТО, ЌЕ ГО НАЈДЕТЕ НА НОВА ЛОКАЦИЈА: Ново депо на Општина центар
„НАШИОТ ЛИДЕР Е СМЕНЕТ КОГА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОДБЕЛЕЖУВА СЕДУМДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ“: Учениците бараат објаснување од градските власти

МИЦКОСКИ ДЕЦИДЕН И СО УЛТИМАТУМ ДО БУГАРИЈА: Еве што смета премиерот за ситуацијата со Софија
