Качевски ќе суди во Кавадарци, Трпчевски на центарот во Струмица

Уште не завршиле полемиките за 25. коло, а прволигашите повторно ќе излезат на терен овој викенд. Колото ќе го отвори шампионот Струга Трим Лум, кој пред своите гледачи ќе го пречека Пелистер в сабота од 15:00 часот. Александар Грујоски од Кичево е делегиран за главен судија на овој натпревар.

Останатите натпревари се играат в недела попладне. Во најава за двомечот од Купот, Брера Струмица и Вардар ќе играат на „Благој Истатов“, а делегиран за главен судија е Стојанче Трпчевски. Игор Стојчевски ќе го води скопското дерби меѓу Шкупи и Работнички, а Влатко Илиоски од Прилеп ќе биде на центарот на дуелот во Гостивар меѓу Беса и Гостивар.

Воска Спорт и Силекс ќе играат во Охрид под арбитражата на Доне Ристовски, а стружанецот Јован Качевски ќе им суди на Тиквеш и Шкендија

Во второлигашкиот викенд најголемо внимание привлекуваат средбите: Брегалница Штип - Детонит Плачковица (суди Благојче Ралевски) и Македонија Ѓорче Петров - Скопје (суди Пларент Салихи).