Пелистер со соопштение: Да не се врши вештачки притисок, тоа е спротивно на интересите на мак-ракометот

Препукувањето преку соопштенија на најдобрите ракометни колективи во Македонија продолжува и денеска, кога до јавноста се обратија и од раководството на шампионот Е. Пелистер.

Битолчани истакнаа дека се изненадени од првичната реакција на челниците на РК Алкалоид кои воопшто немале поплаки по натпреварот што нивниот тим убедливо го загуби.

Покрај тоа, управата на Е. Пелистер повика сите клубови заеднички да покажат доверба во системот и да не се врши „вештачки притисок“ врз официјалните лица.

Се вчитува...