18 Април, 2025
0.0625

СДСМ прашува кој ја диригира соработката со нарко клановите - ВМРО возвраќаат: „Законот важи за сите“

Објавено во: Македонија 01 Април, 2025 11:13

Добивај вести на Viber

Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал на тие позиции. Оттука се поставува прашањето: дали и самиот е лично вклучен и ги диригира криминалните процеси во земјата?

Ова утрово го посочија од опозициската СДСМ по објавата дека е уапсен член на обезбедувањето на премиерот под сомнеж дека издавал службени тајни од МВР. 

Пред само неколку месеци, шефот на неговото обезбедување претепа полициски службеници и спречи полициска акција за сузбивање на дрога — настан што и тогаш МВР се обидуваше да го прикрие.

Вчера, неговиот личен избор за обезбедување, Ангел Самараков, беше фатен како оддава службени тајни на лица од Грчец. МВР цел ден се обидуваше да го скрие скандалот, но под притисок на медиумите кои ја дознаа вистината, беше принудено да излезе со информација во јавноста.

Ова ли се луѓето што ќе го „ресетираат“ системот? - прашуваат од СДСМ.

Потоа од партијата укажуваат дека се сомневаат оти има силна координација и соработка меѓу најблиските луѓе на Мицкоски и криминалното подземје. 

- Не е ни чудо што криминалот и уличните пресметки во државата во последните девет месеци се на историски највисоко ниво.

СДСМ прашува: дали обезбедувањето на Мицкоски самоволно делувало, или било испратено да пренесе информации, бидејќи тој лично, согласно своите надлежности, нема пристап до доверливи податоци? Кој му ги дал тие информации и кој ја диригира целата соработка со нарко-клановите од институциите?

Состојбата со безбедноста е крајно загрижувачка, а очигледно е дека криминланите структури во земјата имаат директен пристап и информации од најблиските луѓе на Мицкоски. Ова значи дека криминлаот во државата ќе ја владее државата и Мицкоски и ДПМНЕ се директни соучесници во тоа - велат од СДСМ.

На ова соопштение реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ од каде пак велат дека разбираат оти „после се што и направија на Македонија, тешко е СДС  да ја сфати борбата против криминалот“. 

- Но, нема милост за криминогените, дали бил член на СДС, член на ВМРО-ДПМНЕ или обезбедување на премиерот. Законот за сите подеднакво ќе важи. Кога последен пат бил уапсен член на обезбедување на премиер? А ќе потсетиме дека Заев и СДС го имаа “Сашо ќе пукам“, потоа премиерски телохранител со потекло од струмичко, со по неколку пријави за тешко насилство, кои поминуваа нечепнати, ниту одговараа пред законот - велат од владејачката ВМРО. 

Потоа укажуваат дека опозиционерите „наместо да ја поздрават акцијата на МВР, да научат како државата мора да ги победува тие кои ја злоупотребуваат, СДС како дете на кое ништо не може да му се погоди само реагираат колку да кажат нешто, а во недостаток на автентична политика и конкретни и реални решенија“. 

- На СДС не му сметаше тоа што ДУИ владееше со улиците во Скопје и што заедно со мафијашките кланови, кои сега се зад решетки, хараа и уништуваа животи низ главниот град преку рекети, дрога, убиства, лихва, тогаш СДС молчеше и соработуваше со нив, но сега им смета тоа што се апсат сите кои несовесно се однесуваат со службата. Вакво лицемерите ниту имало ниту ќе има. Токму затоа и поддршката на СДС е нецели седум проценти. Ако не апси МВР лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ,  тогаш СДС обвинува за селективност,  ако апси МВР блиски до ВМРО-ДПМНЕ, тогаш СДС обвинува друго. Човек крај не може да им најде на овие луѓе. Но, тоа нема да не поколеба да водиме бескомпромисна борба против корупцијата и злоупотребите, што е рак рана на македонското општество и што како начин на однесување е сериозен проблем за институциите, надграден и усовршен од СДС и нивното последно 7 годишно владеење - заклучуваат од ВМРО.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина 24 годишно момче кое се лекуваше во Србија по пожарот во Кочани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина 24 годишно момче кое се лекуваше во Србија по пожарот во Кочани

ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „СTAНДАРД“: Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „СTAНДАРД“: Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

РАДЕВ СЕ СРЕТНА СО КОС: Кажа што очекува од Македонија

РАДЕВ СЕ СРЕТНА СО КОС: Кажа што очекува од Македонија

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба

АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани