Политика

Ле Пен прогласена за виновна за проневера на европски јавни пари

Извор: МИА

31 март 2025, 12:32

Ле Пен прогласена за виновна за проневера на европски јавни пари

Bloomberg Mercury

Судот во Париз денеска ги прогласи за виновни поради проневера на јавни средства лидерката на француската екстремна десница, Марин Ле Пен, и осум пратеници од нејзината партија Национален собир (РН).

Судот изрече казна за Ле Пен забрана за кандидирање за јавна функција во наредните пет години, затворска казна во траење од четири години од кои две се условни и парична во висина од 100.000 евра. Тоа значи дека Ле Пен нема да се најде на гласачкото ливче на следните претседателски избори во Франција, закажани за 2027 година.

Судот процени дека вкупната сторена штета изнесува 2,9 милиони евра бидејќи пратениците на РН во Европскиот парламент вработуваат луѓе кои работат за партијата на Ле Пен.

Лидерката на РН е прогласена за виновна за проневера на 474.000 евра поради фиктивно вработување на четворица партиски помошници во Европскиот парламент.

Обвинителството претходно бараше пет години затвор за Ле Пен, од кои две години затвор и три условна казна, кои може да се претворат во општествено корисна работа, како и парична казна од 300.000 евра.

Ле Пен пред судењето изјави дека обвинителите бараат нејзина „политичка смрт“ и оти процесот е завера РН да не дојде на власт.

Другите обвинети изјавија дека парите се легитимно искористени и оти не е точно дефинирано што работи парламентарниот асистент.

 

Текстот е ажуриран со одредената висина и типот на казната за Ле Пен.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Сите новости од рубриката Политика

Накратко од светот: Трамп го притиска Зеленски да го прифати мировниот договор
Општо

Накратко од светот: Трамп го притиска Зеленски да го прифати мировниот договор

Американскиот претседател го зголеми притисокот врз украинскиот колега за да прифати мировен договор, обвинувајќи го Зеленски за продолжување на војната, која трае веќе четврта година.

24.04.2025

Накратко од светот: Акциите на „Тесла“ разочараа, Маск најави повлекување од политиката
Општо

Накратко од светот: Акциите на „Тесла“ разочараа, Маск најави повлекување од политиката

Американскиот претседател најави намалување на царините за Кина, акциите на „Тесла“ конечно пораснаа, а фјучерсите на европските и американските акции се тргуваат во зелено.

23.04.2025

Автор: Bloomberg Adria

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите