Видеолотарија со донација за здружението „Асоцијација на правата на деца и младинци со попреченост – Ластовица“

Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжува својата мисија како општествено одговорна компанија, обезбедувајќи донација за Здружението „Асоцијација на правата на деца и младинци со попреченост – Ластовица“ во Скопје. Оваа донација ќе придонесе за подобрување на условите и поддршката што здружението им ја нуди на децата и младите со попреченост.

Со оваа донација годинава ќе се обезбедат:

  • опрема и дидактички материјали неопходни за стимулација и поддршка на детскиот развој,

  • организација и реализирање на рехабилитациони третмани,

  • едукативни програми – изучување на знаковен јазик и Браевото писмо,

  • организирање на инклузивни и интерактивни активности и излети, кои ќе помогнат за социјализација и интеграција на децата во секојдневието.

Дел од вработените во Видеолотарија Касинос Австрија доброволно се вклучија во изучувањето на знаковниот јазик. На овој начин сакаме да ја подигнеме свесноста и важноста за знаковниот јазик, но и да стекнеме способност за невербална комуникација. За нас, ова е голема одговорност, и во иднина ќе продолжиме да бидеме дел од иницијативи кои имаат директно влијание врз заедницата. Веруваме дека секое дете заслужува еднакви можности и се надеваме дека со оваа донација ќе им помогнеме да го достигнат својот потенцијал.

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Државна Видеолотарија ќе продолжи да го развива својот идентитет како модерна и општествено одговорна компанија преку поддршка на проекти што позитивно влијаат врз заедницата. Само за потсетување, во 2024 година нашата посветеност кон оваа цел ја потврдивме со низа активности, за што издвоивме вкупен буџет од 45.980.779 денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите