ФОТО: Започнаа врнежите од снег во Белград

Медиумите од соседството јавуваат дека низ соседна Србија веќе паѓа снег, на дел од планините е забелено, а снег провејува и низ Белград.

Според последното соопштение на Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ), денеска во Србија не очекува ветровито и значително постудено време, температурите во однос на вчерашните се намалени за 10 до 15 Целзиусови степени, додека на планините се очекува снег.

Слаб снег дуваше и во Белград околу 20 часот, а моменталната температура во главниот град е 4 степени Целзиусови.

Утрово најстудено беше во Копаоник, каде беа измерени – 6 степени, потоа во Златибор – 2, Сјеница – 1 степен, додека најтопло беше во Зајечар и Неготин со 5 степени.

Како што соопштија од РХМЗ, врнежите денеска во текот на претпладнето ќе престанат на северот на Србија. Облачно со врнежи од дожд, на некои места во пониските предели на западна и централна Србија, а на планините снег.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде