🎥Мицкоски и Филипче седнаа на иста маса

од Nikola Popovski
55 прегледи

Во зградата на Владата почна лидерската средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Средбата доаѓа по упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни.

Опозицискиот лидер бара да се воспостави нов општествен и политички дијалог за изградба на натпартиска стратегија за развој на државата. Мицкоски рече дека сака да го слушне планот.

-Ако има план, подготвен сум за средба со Филипче. Не може преку медиуми да се разговара за сериозни теми бидејќи не ни треба естрада, одговори вчера премиерот Мицкоски.

Видео плејер

По средбата, се очекува изјави од двајцата политичари.

Фото/видео: Локално

Слични содржини