Блесок на Данска во Осло за пласман во големото финале

Блескава игра на Данска и пласман во финале на Светското првенство, и меч против Хрватска за злато во недела во Осло. Данците вечерва не му дадоа ниту малку шанса за надеж на португлскиот национален тим, особено со играта во вториот дел, и заслужено слават убедлив триумф со 40-27.

Португалија имаше сила да парира само во одредени моменти во првиот дел, а во вториот целосно беа откажани од голманот Емил Нилсен, кој правеше чуда на данскиот гол.

Ако имаше и некакви шанси за Португалците, сите дилеми беа отстранети на почетокот на вториот дел кога Данска со една долга серија брзо се „одлепи“ на +10, и тука беше крајот на надежта на Португалија дека може да дојде до нова сензација и да се пласира во финалето.

Гидсел беше најефикасен со девет голови, додека Шмит постигна осум. Ареија кај Португлија беше најефикасен со пет голови.

Пред финалето Хрватска – Данска, Португалија против Франција ќе играат за бронза.

Се вчитува...