• Мартин Танасковски

Филип Најдовски, летното засилување на Вардар кое уште чека на деби, на подготовките во Анталија ќе се најде на тимските тренинзи на „црвено-црните“ и ќе почне со првите сериозни активности како член на клубот.
Четири месеци Најдовски имаше прегледи во Македонија, но не се успеало да му се даде точна дијагноза. По прегледи во странство, утврдено е дека играчот има повреда на коленото и мора да оди на операција.
Најдовски заради тоа изгуби четири месеци во кои можеше да се рехабилитира. Оперативниот зафат го направи во месец ноември, а се очекува во Анталија да почне со тимски тренинзи. Засега, играчот тренира сам.
Очекувањата се Најдовски да се најде во тимот на Вардар во третата недела на подготовките во Анталија. Сепак, стручниот штаб нема да форсира по секоја цена со Најдовски, за да се избегне несакана нова повреда.
Од повреда на подготовките се враќа и младиот Дарко Сековски.