1010 hPa
50 %

23 °C
Скопје - Пет, 25.04.2025 11:59
Зад аголот доаѓа третото издание на Маалски фестивал, кој ќе се одржи од 27 до 29 септември во КСП Центар Јадро и Мобилно/монтажна галерија во Парк на Франкофонија.
Не само што изданиево е трета среќа, туку годинава Јадро слави и јубилеј - „Пет години КСП Центар Јадро“, кој ја потврдува нивната визија дека КСП „Центар Јадро“ е приказна што се создава колективно.
Токму и со изложбата по повод овој јубилеј официјалнно ќе биде отворено ова фестивалско издание.
На изложбата, присутните ќе можат одблиску да ги засведочат сите изложби, концерти и културни настани кои се одржале во изминативе години во „културното јадро“ на Дебар Маало.
Веќе пет години под заедничката замисла „Културата како јавно добро“ во КСП „Центар - Јадро“ се запознаваат, активно дејствуваат и се инспирираат уметниците, културните работници, локалната заедница и публиката.
Низ годините работење и дејствување, просторот постојано се трансформира и адаптира со цел да ги поддржи динамичните процеси и потреби на културната сцена.
Преку средбите помеѓу уметниците и граѓаните во рамките на бројните содржини што беа реализирани, КСП Центар Јадро не само што направи храбар обид да ги поврзе овие две групи преку уметноста, туку создава простор каде што уметноста се обликува според потребите на колективот.
Прв фестивалски ден (27.09.2024)
10 - 15 часот | Работилница за изработка на све и свашта у маало со Никола Писарев
Парк на Франкофонија | Мобилно - монтажна галерија
12:00 | Маалска тура
Тиит Инк
13 - 16 часот | Креативна работилница „ Сложувалка“ со Доротеј Нешовски
Парк на Франкофонија | Мобилно - монтажна галерија
20 часот | Официјално отворање на Маалски фестивал 3.0
Изложба „Пет години КСП Центар - Јадро“
21 :30 | Официјално отворање на Маалски фестивал 3.0
Концерт: Букршлиев/Томевски | Moira | Спировски/Новковски/Танасковски/Џорлев
Парк на Франкофонија
Втор фестивалски ден (28.09.2024)
10 - 15 часот | Работилница за изработка на све и свашта у маало
Мобилно/монтажна галерија
10 - 15 часот | Работилница за изработка на чуднозвучни инструменти со Владимир Лукаш и Виктор Танасковски
Мобилно/монтажна галерија
11 - 15 часот | Работилница за знаковен јазик „Знак до Знак“ со Викторија Волак
Парк на Франкофонија
11 - 19 часот | Маалски Базар и саем на книги
Парк на Франкофонија
12 часот | Раскажување на маалски приказни
Парк на Франкофонија
12-14 часот | Предавање: „Уметноста на слушање музика дома“ со Владимир Симеонов
КСП Центар- Јадро
19:30 часот | Мал концерт на Хор Артисан
КСП Центар Јадро
20 часот | Проекција на ретро студентски филмови - „Рани трудови“
КСП Центар- Јадро
Трет фестивалски ден (29.09.2024)
10 - 15 часот | Работилница за изработка на све и свашта у маало
Мобилно/монтажна галерија
10 - 15 часот | Работилница за изработка на чуднозвучни инструменти
Мобилно/монтажна галерија
12 - 15 часот | Креативна работилница „Сложувалка“
Парк на Франкофонија
19 часот | Филмски проекции од „ОКО“ и „ХАЈ - ФАЈ“
КСП Центар- Јадро
20:00 Концерт на Општина центар
Парк на франкофонија
21:30 часот | Добрила и Дориан дуо
КСП Центар- Јадро