За зелена иднина на новите генерации – Вработените од Mozzart засадија 2500 садници во Кучково
Објавено во: Мои пари 01 Април, 2025 15:23
Голема акција за пошумување на планината Жеден, во атарот на селото Кучково беше реализирана од лидерот во приредување игри на среќа.
Во соработка со ЈП Национални Шуми, вработените во Mozzart засадија 2500 садници од чемпрес, црн бор и јасен.
Во големата акција се вклучи и дел од администрацијата на Општина Ѓорче Петров како и Здружението Отаку.
„Ни преставува вистинско задоволство што имавме можност да реализираме една ваква голема акција, особено што со ова допринесуваме во зелена и здрава иднина за најмладите. Со позитивна енергија и соработка, уште еднаш покажавме и докажавме дека Mozzart е тимот кој секогаш победува. Реализацијата на ваквите проекти продолжува и натаму” , изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
За донацијата на садници и вклученоста на компанијата во еко акцијата, тимот на Mozzart доби благодарница од ЈП Национални Шуми.
Кога се работи тимски и сложно, резултатите се секогаш позитивни. Со ова вработените во Mozzart уште еднаш дадоа пример како треба да изгледа еден тим кој цели на успех.
Со реализацијата на вакви и слични проекти, компанијата само ја зацврстува лидерската позиција во општествена одговорност.
Можеби ќе ве интересира
Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

„Лесја Украинка“: Реторика на страв од Будимпешта: Како владата на Орбан ги шири наративите на Кремљ против Украина

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Д.К. ОД ШТИП ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 7.441.290 ДЕНАРИ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 85,24 евра за мегават час, на МЕМО 82,14 евра за мегават час

„Вкусна средба со dmBio“: Слатки спомени и здрава инспирација за речиси 100 љубители на органската исхрана!

Еко Изложба во Рамстор мол - Пристигнува најзабавната Еко Изложба во градот “Цртај и Награди Добиј”

Samsung ја претставува Bespoke AI Jet Lite – лесна, но моќнаstick правосмукалка

Започна првата ПроКредит бизнис академија – претприемачите ја поминаа првата обука на тема „Интерно претприемништво“

Моџо Килингтон: „СФ – СН“ е потсетник на жртвите во борбата против фашизмот
