Среќен 49-ти роденден Анџелина Џоли

3 јуни 2024

На денешен 4 јуни е родена една од најпознатите актерки на денешницата и според многумина една од најубавите жени во светот.

Анџелина Џоли, 49, се доближува до шестата декада и се уште го одзема здивот каде и да се појави.

Американската актерка и режисерка чиј татко е познатиот глумец Џон Војт уште од мали години го искусува светот на шоу-бизнисот.

Нејзината вонвременска убавина во спој со енергичниот дух и талент и обезбедува место меѓу најдобрите актерки во Холивуд.

Џоли има добиено многу награди за своите улоги, меѓу кои и Оскар за филмот Girl, Interrupted во 1999-та година.

Анџелина пред да стане филмска икона, се има појавено во низа театарски претстави, музички спотови, а има работено и како модел.

Прв пат добива главна улога во филмот Hackers (1995), каде што го сретнува и првиот сопруг актерот Џони Ли Милер.

Нејзиниот перформанс во биографскиот филм Џиа за истоимениот модел и носи многу признанија како Златен Глобус и Гилд награда.

Во 1999-та година започнува турбулентна врска со актерот Били Боб Торнтон, но и таа не трае долго.

Во меѓувреме стекнува светска слава со серијалот за Лара Крофт, а во 2004 ја игра мајката на Александар Македонски во филмот Alexander the Great

Следната година за време на снимањето на Mr. & Mrs. Smith започнува љубовна врска со Бред Пит.

Двојката ќе добие три биолошки деца, ќерката Шајло, и близнаците Вивиен и Нокс.

Анџелина има посвоено уште три деца заедно со Пит, Медокс, Захара и Пакс. Мега популарната двојка официјално стапи во брак во 2014, но два години подоцна Џоли поднесе барање за развод.

Оскаровката е и голем хуманитарец, таа е Амбасадор на добра волја на UNHCR.

Во продолжение неколку нејзини најдобри стилски изданија низ годините.

 Фото:Pinterest

Објавено:
3 јуни 2024
Категорија: 
Sweet 40+