МОХАМЕД САЛАХ останува во Ливерпул, кој конечно стави крај на една од најголемите непознаници оваа сезона. Иако долго време се чинеше дека е на излезна врата, египетската ѕвезда потпиша нов двегодишен договор, кој ќе го задржи на „Енфилд“ до 2027 година.
View this post on Instagram
Ливерпул направил исклучок за Салах
Уште во ноември минатата година Салах изјави дека е „повеќе надвор отколку внатре“, но тоа не значи дека не сака да остане. Всушност, тој секогаш сонуваше да остане во Ливерпул, но условите мораа да одговараат и на него и на клубот. Според Би-Би-Си, клучниот пробив во преговорите се случил на крајот на март, а се било финализирано на почетокот на април.
Ливерпул направи исклучок за Салах. Тој одби намалување на платата и го задржа статусот на еден од најплатените играчи во Англија – ќе заработува околу 400.000 фунти (околу 460.000 евра) неделно. Ваков луксуз ретко им се овозможува на играчите во триесеттите години, но клубот знае дека замената на Салах би била исклучително скапа, ако не и невозможна.
Со оглед на тоа дека Трент Александер-Арнолд најверојатно ќе оди во Реал Мадрид на лето, Ливерпул финансиски би можел да си дозволи да ги задржи и Салах и Вирџил ван Дијк, кои исто така наскоро би требало да потпишат нов договор.
View this post on Instagram
Одбиена Саудиска Арабија
Салах лесно можеше да си замине. Саудиската про лига му понуди астрономски 500 милиони фунти (околу 575 милиони евра), а идејата еден од најпознатите Арапи да дојде да игра на Блискиот Исток изгледаше како совршена деловна можност за сите вклучени. Сепак, Египјанецот одлучи дека парите не му се приоритет.
Наместо пари, Салах избра спортски предизвик. Тој се уште верува дека може да игра на врвно ниво уште најмалку три години. Сака да ја освои 20-та титула во англиската лига со Ливерпул, но и повторно да ја нападне Лигата на шампионите. Не крие дека амбиција му е и Златната топка – досега двапати беше петти, во 2019 и 2022 година.
Друга причина за останување, се наведува, била подготовката за настапот на Египет на Купот на африканските нации и Светското првенство, а важна улога одиграла и неговото семејство – неговата сопруга Маги и ќерките Мака и Кајан уживаат во животот во Ливерпул.
Фото: Принтскрин/Instagram