Утрински Весник
Македонија

Карадакоски бил најтешкиот пациент, со 90 проценти изгореници на дишните патишта

Whatsapp image 2025 04 04 at 09.26.05.jpeg

29-годишниот Александар Карадакоски бил најтешкиот пациент од сите повредени во трагедијата во Кочани. Тој почна во болница во Литванија каде што беше на лекување.

Тој вториот ден по неговиот прием во болница, беше транспортиран во Литванија. Имал тешки изгореници на главата, вратот, екстремитетите.


„Во текот на денот дојде до влошување на состојбата, попладнето беше потребна механичка вентилација односно интубација. Изгорениците не беа мали, вкупната површина беше 36 отсто, претежно на горните екстремитети, главата и вратот. Со длабочина од втор и трет степен. И заради оној дел од пламенот, од чадовите кои ги вдишал, дошло до оштетување на внатрешните дишни органи. Оштетено беше голем дел од дишното стебло, затоа се влошила состојбата. Тоа довело до подлегнување на повредите. Пациентот 24 часа по приемот, со медицински авион беше префрлен во Литванија. Мора да бидеме свесни дека поголемите изгореници и повреди, не секогаш ќе завршат добро“, рече Небојша Настов, директор на болницата „св. Наум Охридски“.

Таравари рече дека изгорениците од втор и трет степен отвориле простор за инфекции. На 1 април му откажле и бубрезите и бил ставен на дијализа.

Телото на Александар ќе биде донесено во земјава. Обдукција ќе биде извршена во Скопје. Транспортот од Литванија ќе го организира државата.

Карадаковски беше и осомничен како управител на хартија, на фирмата „ММММ Кафе ДООЕЛ“ под која функционирала дискотеката „Пулс“. Обвинителството ја запре постапката.

Можете да прочитате

Во чест на Павел Христов херојот кој го загуби животот во Пулс: Најблиските организираа меморијален собир со автомобили (ВИДЕО)

Гаши не планира да покрене постапка за разрешување на првата антикорупционерка Димитровска, додека судски не се докаже дека е виновна за корупција

СДСМ бара оставка од Тошковски откако тој го призна скандалот со братот на Стефковски