Skip to main content
Забава

Д Фестивал од оваа година се сели од Дојран во Штип

12/03/2025  20:33

На официјалната фејсбук страница Д Фестивал објавено е дека оваа културна манифестација која оваа година слави 15 години од Дојран се сели во Штип.

Од 4 до 6 јули Д Фестивал ќе се одржи под исарот во Штип.

По цели 15 години Д Фестивал ја менува својата година и нема да се одржи покрај Дојранското езеро. Организаторите на фејсбук се заблагодарија на сите кои помогнале да израсне фестивалскиот бренд во Дојран и најавија дека фестивалот тргнува по нов пат да ги оствари своите соништа.