Баерн Минхен вечерва ќе го пречека Интер во првиот четвртфинален дуел од Лигата на Шампионите, дуел на стари добри познаници кои припаѓаат на самиот врв на европскиот фудбал.
Впрочем, Интер стигна до легендарната тројна круна откако во финалето од ЛШ го совлада токму Баерн во 2010 година, а незаборавен беше и нивниот дуел една година подоцна. Тогаш, Горан Пандев беше во главна улога откако македонскиот голгетер блесна со гол во самиот финиш на „Алијанц Арена“, за победа на Интер од 2-3 и пласман на „нероаѕурите“ во следната фаза од елитното европско натпреварување.
Нема дилема дека „нероаѕурите“ посакуваат реприза на тој неверојатен натпревар од Минхен, а останува да се види дали Симоне Инзаги во овој состав на Интер има „џокер“ како што тоа своевремено беше Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА