Група студенти кои со велосипеди тргнаа од Србија, денес попладне стигнаа во Штутгарт, Германија.
Студентите го започнаа своето патување со велосипеди кон Стразбур, Франција, каде што имаат намера да се обратат до клучни институции, вклучувајќи го Советот на Европа, Советот на Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија, со барања поврзани со безбедноста и одговорноста.
На Марен Плац во Штутгарт денес ги дочекаа голем број на граѓани, како и новинарски екипи од Германија и Австрија. Пред овој дочек, студентите имале свечен прием и во Виена на 7 април и во Минхен на 11 април.
Нивното патување продолжува, а се очекува да стигнат во Стразбур до четврток, 17 април, каде ќе продолжат со своите протести и барања кон европските институции.