Едно лице уапсено, а по друго се трага во врска со пукање од огнено оружје објавено на социјалните мрежи
По видео-снимка која беше објавена на социјалните мрежи а на која се гледа како маж пука од огнено оружје, од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземените мерки е уапсен жител на селото Црнилишта во општина Долнени, а се трага и по неговиот син.
Во врска со случајот, како што информираат од МВР, полициски службеници извршиле претрес во домот на 51-годишниот Џ.Ќ. во селото Црнилиште, каде пронашле неколку парчиња оружје, кои тој ги поседувал со дозвола. Пронајденото оружје, велат оттаму, е одземено поради сомнение за извршено кривично дело од членот 288 од Кривичниот законик, во кој е санкционирано делото предизвикување општа опасност. Покрај одземањето на оружјето, од Министерството за внатрешни работи велат дека ќе следи постапка за одземање на дозволата за поседување на оружје на лицето.