Ждрепка АТП Монте Карло: Циципас, Зверев, Ѓоковиќ и Медведев на иста страна од костурот

Организаторот на АТП Мастерс турнирот во Монте Карло ја организира ждрепката за овогодинешното издание. Првиот голем турнир на земјена подлога ќе го прескокнат првиот светски рекет Јаник Синер поради суспензија и Тејлор Фриц поради повреда, па носителските места се прераспределени. 

Прв носител на турнирот е Александер Зверев, а втор Карлос Алкараз па јасно е дека двајцата одат на спротивна страна на ждрепката. Зверев по слободното прво коло може веднаш на дуел со Беретини во второто, додека до потенцијално полуфинале му се закануваат Циципас, Руне, Мусети...

Третиот носител Новак Ѓоковиќ е на „левата“ страна, во првото коло е слободен па ќе игра со Вавринка или Табило. До полуфиналето и потенцијален меч со Зверев српскиот тенисер може да го дочекаат Димитров, Медведев и Де Минер. Ланскиот освојувач и човекот кој трипати во последните четири години го крена трофејот, Стефанос Циципас, е исто така на оваа страна од извлекувањето. Тој во второто коло ќе игра со Томпсон или Перикар, па може да налета на Руне, Зверев, Мусети...

На спротивната страна од ждрепката Злкараз би можел во осминафиналето против Оже Алијасим, а во четвртфиналето против Андреј Рубљев. На патот до полуфинале најдоброрангирани потенцијални ривали му се Руд и Дрејпер. 

  • Ждрепка за АТП Мастерс турнирот во Монте Карло: