Економија

ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ЈА ЗГОЛЕМИЈА ГЛОБАЛНАТА ПОТРОШУВАЧКА НА СТРУЈА

25.03.2025

Глобалната побарувачка на енергија порасна за 2,2 отсто минатата година, значително побрзо од просечните 1,3 отсто од 2013 до 2023 година, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Повеќе од 80 отсто од зголемувањето на побарувачката на енергија доаѓа од економиите во развој.По неколкугодишен пад, во напредните економии се вратирастот на побарувачката на енергија, кој минатата година изнесуваше речиси еден процент.

Остриот раст на глобалната потрошувачка на електрична енергија минатата година беше поттикнат од рекордните глобални температури кои ја зголемија потрошувачката на струјата за користење апаратите за разладење во многу земји, како и порастот на потрошувачката на индустриска електрична енергија, електрификацијата на транспортот и растот на центрите за податоци за вештачка интелигенција.

Новите инсталирани капацитети за обновлива енергија ширум светот се искачи на околу 700 гигавати, поставувајќи нов годишен рекорд.

Зголемувањето на капацитетот на нуклеарната енергија достигна петто највисоко ниво во последните три децении, пренесува Телеграф.

ПРЕПОРАЧАНО