Во Битола одбележан Светскиот ден на поезијата
- Македонското научно друштво-Битола во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола го одбележаа Светскиот ден на поезијата, организирајќи поетски настан „Стихови што обединуваат“ и изложба на картички со поезија од реномирани македонски писатели.

Битола, 28 март 2025 (МИА) - Македонското научно друштво-Битола во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола го одбележаа Светскиот ден на поезијата, организирајќи поетски настан „Стихови што обединуваат“ и изложба на картички со поезија од реномирани македонски писатели.
Промотивниот настан по повод Светскиот ден на поезијата го отвори м-р Емилија Стефановска Давкова, директорка на НУУБ „Св. Климент Охридски“, а изложбата ја отвори проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на МНД-Битола, друштво кое годинава одбележува 65-годишен јубилеј.
Картичките со поезија се компонирани со илустрации од ликовниот уметник Ранко Струмениковски, член на Одделението за уметност при МНД, а ги дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска, воедно и писателка која ја промовираше книгата „Факсимили од роднокрајни писатели - членови на Друштвото на писателите на Македонија“. мт/мд/
Фото: МИА