„ДАЛИ Е ТОЧНО ДЕКА НЕ СТЕ ОБЕЗБЕДИЛЕ ЗАШТИТНА ОПРЕМА“: Левица обвинува за притисоци врз вработените во Македонски шуми
Објавено во: Македонија 01 Април, 2025 09:31
Од политичката партија Левица денеска испратија реакција до медиумите поради, како што посочија, загрижувачките информации кои доаѓаат од вработените во ЈП „Македонски шуми”. Додаваат дека добиле бројни поплаки во кои вработените укажуваат дека Претпријатието е претворено во полигон за партиски злоупотреби, политички притисоци и директни закани кон работниците, додека вистинските проблеми остануваат нерешени.
- Јавно го прашуваме заменик генералниот директор на ЈП „Македонски шуми”, Кире Михаилов, кадар на ДПМНЕ: Дали борбата против „шумската мафија“ е само параван за Ваша лична и партиска промоција? Веќе девет месеци, ЈП „Македонски шуми” е под Ваше раководство, а состојбата на терен не само што не се подобрува, туку станува сè понеподнослива за работниците. Наместо да ги решавате системските проблеми, сведочиме за политика на уцени, притисоци и заштита на партиските интереси на ДПМНЕ. Поради тоа, јавно Ве повикуваме да одговорите на следните прашања:
Зошто вршите притисок врз вработените да се откажат од тужбите за неисплатен К-15 за 2023 и 2024 година? Работниците имаат право на своите надоместоци согласно закон и колективен договор, но работниците кои го бараат своето право сведочат на директни закани и политички прогон.
Дали ги уценувате вработените да не поднесуваат тужби за теренски додатоци за 2023 и 2024 година? Дали додека работниците едвај врзуваат крај со крај, Вие и Вашите соработници ги наплатувате сите можни трошоци на грбот на Претпријатието?
Дали е точно дека користите службено возило за Вашите партиски активности и самопромоции, а трошоците ги покривате од буџетот на ЈП „Македонски шуми”?
Дали е точно дека не сте обезбедиле заштитна опрема (ХТЗ) за вработените кои се изложени на животозагрозувачки услови?
Дали е точно дека вршите притисок за вработените да не се приклучуваат кон синдикатот под Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), туку насилно им го наметнувате синдикатот под Ваша контрола - КСС? - стои во соопштението на Левица.
Но, од партијата не застануваат тука, туку прашуваат и:
- Зошто фирми на кои им „висат” кривични пријави и кои имаат претходно издадена негативна референца, дозволувате повторно да учествуваат и добијат тендери за сеча и дотур?
Дали го поскапевте огревното дрво за околу 10 отсто и дополнително ја зголемивте таксата за приватни шуми за 35 проценти?
Дали како заменик генерален директор на ЈП „Македонски шуми” приоритет ви е глорификацијата на партијата и нејзините функционери, наместо професионално и одговорно управување со претпријатието? - стои во соопштението.
Потоа укажуваат дека работничката класа има право да живее и работи достоинствено, а не во страв и под партиски диктат! На крајот додаваат дека нема да дозволат ова изживување врз работниците да продолжи и ги повикуваме вработените кои трпат било какви притисоци да продолжат да им се обратат и, по потреба, институционално да реагираат.
Еве го нивното обраќање:
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
„ВРЕМЕ Е ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИТЕ ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ“: Клакочар Зупанчич од Скопје порача дека влегувањето мора да се случи брзо

СИНДИКАТИТЕ СЕ СКАРАА ОКОЛУ КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР - ССМ и КСС со спротивни ставови по средбата во Владата

ЗЕМААТ ПЛАТА ОД 57 ДО 67 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, АМА ЛАЖАТ ДЕКА НАМЕСТО ДРОГА ЗА ЗАТВОРЕНИК, БАРААТ СКАП ЧАСОВНИК - кој им поверувал на полицајците дека го однела кучката Цеца

30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА АРИФИ И НЕГОВИОТ ПОСРЕДНИК - барал 100 илјади евра, а земал 20 илјади, сега заврши зад решетки

Петар Богојески стана директор, ќе управува со парите од „Еразмус“

ВМРО-ДПМНЕ: Шест лица од Кочани биле повикани на разговор во полиција

Муцунски прими на средба Македонци со забранет влез во Грција

ТРЕНДАФИЛОВ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ПРЕД ВЛАДА И ИСПРАТИ ПОРАКА: Одиме да прашаме до кога работниците ќе чекаат зголемување на плата!

Обвинителството предложи притвор, Арифи барал поткуп од 100.000 евра
