• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манасиевски: ССМ против ССМ, сега се против решението за минимална плата кое самите го бараа додека власт беше СДС

Манасиевски: ССМ против ССМ, сега се против решението за минимална плата кое самите го бараа додека власт беше СДС

3 април 2025

ССМ против ССМ, сега се против решението за минималната плата кое самите го бараа додека власт беше СДС.

ССМ сами бараа минималната плата да се усогласува со растот на просечната плата и стапката на инфлација, а тоа се пресметува 50 проценти од порастот на просечната плата и 50 проценти од процентот на индексот на живот, со дополнителен услов, уделот на минималната во просечната плата задолжително да биде над 57 проценти.

ССМ ова го договори и го презентираше како историски успех, ВМРО-ДПМНЕ го почитува тоа што синдикатите го договориле со работодавачите.

Но каде е тука проблемот?

Сега не е повеќе СДС на власт, тие кои го поставија раководството во ССМ, на чело со Трендафилов, и синдикатот сега се користи за пресметка и политичка битка.

Тоа што за ССМ беше добро до пред неколку месеци, сега веќе не е.

ССМ се лицемерни и одат сами против себе, само за да исполнат партиска насока на СДС.

Линк од видео материјал

https://www.youtube.com/watch?v=7HTPi1mPk3k

https://limewire.com/d/gcAdG#VGojBB9DJP

 

Прес конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан