Возач и малолетничка повредени во сообраќајна несреќа кај Вардар

Еден тетовец и малолетна лица претрпеа телесни повреди кога возилото во кое се возеле се заби во реката Вардар изминатата ноќ. Инцидентот се случил околу 19:40 часот на патот кој води кон селото Челопек, веднаш до мостот на Вардар, известија од Министерството за внатрешни работи. Возилото, „Голф“ со скопски регистрациски таблице, управувано од 39-годишен возач од Тетово, по необјаснети причини се отклонило од патот и завршило во водите на реката. При несреќата возачот и малолетната девојка која била со него во колата се повредени и збрзано се пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им се утврдени повредите. Увидот на местото на настанот го вршела екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, а деталите околу причините за излетувањето од коловозот се уште се истражуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи: