Press "Enter" to skip to content

Увид на терен на Пелистер за физибилити студијата за гондола

Денес во втора посета на општина Битола се претставници на компанија од Словенија со експерти од Франција и Србија кои се во увид на лице место за проектот за изработка на физибилити студија за проект за гондола.

Се работи за врвни експерти од оваа област кои имаат искуство во изработка на физибилити студии и изградба на гондоли и жичари. Имаат изведно проекти во Србија на Копаоник и неколку европски земји.

Експертите ги придружуваа Претседателот на комисијата за туризам Бојан Бојкоски, советниците Иван Чулакоски, Елена Кромидаровска Маховска и Методија Илиевски. Исто така, во посетата ги придружуваше и директорот на хотел Молика Горан Исков.

Од увидот на планината експертите беа воодушевени од природните убавини на Пелистер. Периодот кој следува треба да се подготви проектната програма за физибилити студијата која ќе ја дефинира трасата и финансиска конструкција на проектот.

More from ВестиMore posts in Вести »