• Зоран Мишевски
Реал Мадрид е првиот финалист на Купот на Кралот, откако испиша уште еден епски пресврт во незаборавен возвратен натпревар од полуфиналето против Реал Сосиедад. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши 4-4 по продолженија и со вкупни 5-4 во финалето се пласира тимот на Карло Анчелоти.
Баскијците поведоа со голот на Баренечеа, кој ја протна топката меѓу нозете на Лунин, во 16. минута. По половина час игра „белите“ израмнија со лоб ударот на Ендрик. Откако долго време во вториот дел се играше тактички и со мал број шанси, во завршницата следеше фестивал на голови. Автоголот на Алаба во 72. минута го врати Реал Сосиедад во водство, а осум минути подоцна Ојарзабал обезбеди резултат кој го води баскискиот тим во финалето. Сепак, Реал се врати и Белингем и Чуамени во интервал од четири минути израмнија на 3-3. Следеше нова драма и Ојарзабал во 93. минута го одведе натпреватот во екстра време.
Следеше продолжението, во кое Мбапе и другарите имаа повеќе шанси за четврти погодок. Сепак, кога се чинеше дека натпреваро ќе влезе во пенал-рулет, Арда Ѓулер изведе корнер во 115. минута, а Антонио Рудигер го глава го матира Ремиро за финални 4-4.
- Извештај од натпреварот:
Противник на „кралевите“ ќе биде поуспешниот од утрешното второ полуфинале меѓу Атлетико Мадрид и Барселона. Првиот натпревар во Каталонија заврши 4-4.