„УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА АНДОНОВСКИ“: СДСМ обвинува за нов случај на непотизам

Објавено во: Македонија 31 Март, 2025 13:12
Дали има нов скандал во министерството на Андоновски – тендер добиле родители на негов вработен?
Ова денеска го истакна Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ, кој укажа дека по објавувањето на скандалот за судир на интереси во Министерството на Стефан Андоновски, каде тендер доби сопругот на Државната секретарка, ДКСК отвори предмет, граѓаните сеуште чекаат да постапи Јавното обвинителство за случајот, за истиот да добие разрешница.
- Додека целата јавност беше во тага и болка за несреќата во Кочани, каде што загинаа 59 млади луѓе а речиси 200 беа повредени, на само три дена по трагичниот настан Андоновски побара извинување од СДСМ.
Шокантно е што барањето за извинување пристигна на 19 март на самиот ден на погребот на загинатите од несреќата кога целата нацијата беше во шок.
Тоа го покажува степенот на загриженоста на министерот за трагичниот настан - вели Илиевски.
Потоа посочи дека СДСМ е одговорна партија која се бори секогаш да излезе вистината на виделина, и да зборува во насока на заштита на јавниот интерес пред се!
- Токму затоа, наместо извинување до Министерот Андоновски, денес ќе објавиме индиции за уште еден скандал.
Се работи за тендер од 600.000 денари за набавка на систем за контрола на пристап, добиен од фирмата „БОКИ СИМПЛ ТЕК СОЛУШНС“ ДОО Скопје.
Според информации од свиркачи кои ги добивме, сопственици на оваа фирма се родителите на Борче Младеновски, инаку вработен во ИТ секторот на истото министерство.
Го повикуваме Андоновски да излезе и да одговори дали е ова точно? Дали тендерот тежок 600.000 денари завршил кај родителите на вработен во министерството? - кажа Илиевски и потоа посочи дека индикативен е називот на меилот кој правното лице го има дадено во доставената документација за контакт со министерството кој гласи borce002@gmail.com
Додаваат дека СДСМ се обидел да го најде список на вработени во Министерството за дигитална трансформација, но на сајтот на министерството тој податок не е достапен, таму стои дека сеуште тој документ е во изработка.
- Дали на повидок е уште еден скандал на непотизам и конфликт на интереси во министерството на Андоновски?
Селективноста и селективната правда е потребна за сите други случаи на власта кои ги прави, а не само за трагедијата во Кочани.
Институциите не смеат да молчат за тендерските мрежи на ДПМНЕ бидејќи станува збор за пари на граѓаните. Одговорност мора да има! - напомена на крајот потпретседателот на СДСМ.
Линк до видео: https://youtu.be/q5U4iditJmY
Еве ја нивната објава на Фејсбук, проследено со фотографии од документи.
Можеби ќе ве интересира
ПОНЕСЕТЕ ЧАДОР И ДЕНЕСКА - ПОВРЕМЕН ДОЖД И РЕТКИ ГРМЕЖИ: слично време и следните денови, еве што да очекувате за празникот

„НАМЕСТО ДА ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, ГИ БРАНЕШЕ НА КОСОВО“: остра критика за поранешниот министер за надворешни

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија осум години од упадот во Собранието

ЈОТОВА СЕ ЛУТИ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ: Проблемот се преговорите со Македонија

СОБИР ВО МЕЛНИК: Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански

ТАРАВАРИ БЕШЕ ВО ИСТАНБУЛ: Посети двајца повредени од пожарот во Кочани

ИВИЦА КОНЕВСКИ: Упатувам апел до локалната самоуправа да помогне во доизградба на црква во Аеродром

УКРАЛЕ ВОЗИЛО ВО ВЕЛЕС И ОТИШЛЕ ДА КРАДАТ ВО СТРУМИЦА: Eдниот од крадците избегал од затвор

ВОЗЕЛ БРЗО И НЕ НОСЕЛ КАЦИГА: Во Чаир загина 16-годишен возач на мотоцикл
