Русија и САД почнаа заеднички проекти за руските ретки минерали
Директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев изјави дека Москва и Вашингтон почнаа преговори за заеднички проекти на полето на ископување на ретки минерали и други проекти во Русија.
– Ретките минерали се важна област на соработка и, се разбира, почнавме дискусии за различни проекти за ретки елементи и други проекти во Русија, изјави Дмитриев за весникот „Известија“.
По преговорите меѓу САД и Украина за нацрт-договорот за украинските ретки минерали, рускиот претседател Владимир Путин им предложи на САД заеднички да ги истражуваат руските наоѓалишта.
Дмитриев, кој беше дел од рускиот преговарачки тим за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија во февруари, наведе дека некои компании веќе покажале интерес за проектите. Тој не ги наведе имињата на компаниите, ниту наведе дополнителни детали.
„Известија“ објави дека за соработката може дополнително да се разговара на следната рунда руско-американски разговори, што би можело да се одржи во средината на април во Саудиска Арабија.
Ретките минерали и другите критични елементи, кои се од суштинско значење за високотехнолошките индустрии го привлекоа глобалното внимание изминатите месеци, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп се залага да се спротивстави на доминацијата на Кина во овој сектор.
Ново на Сител
-
Приведен возач од Македонски Брод затоа што управувал возило под дејство на алкохол
-
ЕУ дозволи недржавни знамиња во публика, забраната за изведувачите останува
-
Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина
-
Приведен криминалец баран со потерница, се обидел илегално да ја премине границата
-
Приведен 40-годишен маж, возел со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80
-
Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година
-
По 14 денови прекината блокадата на РТС
-
Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија