Радио Милева елегантно и префинето

Црно-бел мермер и златни детали: Една од просториите во домот на Елена Најдоски е чист луксуз со големина на гарсониера (фото)

Црно-бел мермер и златни детали: Една од просториите во домот на Елена Најдоски е чист луксуз со големина на гарсониера (фото)

Раскошниот начин на живот вкоренет во стилот на поранешната водителка, а сегашна инфлуенсерка и трендсетеска Елена Најдпски или попозната како Елена „Живот со стил“.

Елена не се штеди на енергија, замисла, реализација и секако пари, кога животот со стил е во прашање. Од гардероба, автомобили, патувања, па и уредување на домот, Елена и сопругот Бојан живеат на висока нога.

Ова за неа медиумите го напишале многупати, но од кога ја наде љубовта на својот живот, се сврши и започнаа заедно да живеат, а потоа и се венчаа, Елена во голема мера покажува дека откако го најде вистинскиот, и цвета во животот.

Нивниот дом не ретко го гледаме од објавите на Инстаграм каде таа како инфлуенсерка е ултра активна.

Оттука може да се види дека сопружниците живеат во еден префинет амбиент, луксузно опремен и со посебен шарм. Модерни елементи, делови од актуелниот индустриал стил, темни ниојанси и боја на ѕигла, интересни вдлабнатини во ѕидовите украсени со уметнички дела…

Меѓу многуте специфики, она што дава посебен шарм е луксузно уредениот ентериер од купатилото кое очигледно е пространо колку една гарсониера.

Овој пат видовме дека бањата на Елена и Бојан ја краси црн мермер и луксузни масивни детали во црна и златна боја.

Домаќинката овој пат сакаше да покаже одредени апарати за перење алишта, па меѓусругото видовме и каква им е оваа интимна просторија.

Од утринските ритуали и здравиот начин на исхрана, вежбање во теретана, шопинг по молови, вечери со пријатели и се’ она што и се случува во секојдневието е пред очите на јавноста.

Мераците за едни само за очи, а за нив и за очи и за душа и уживање за сите сетила.

Животот со стил не смее да трпи, а Елена тоа многу добро знае дако да го изведе и да го густира.

фото:Instagram printscreen/elena_zivotsostil

To top