Спасувачките екипи пронајдоа потонато воено возило во Литванија, во кое се превезувале четворица американски војници кои се исчезнати, пишува Радио Слободна Европа.
Оклопното возило М88 Херкулес беше пронајдено на 31 март, шест дена откако беше започната спасувачка операција на воениот полигон Пабрада, во близина на границата на Литванија со Белорусија.
Литванскиот министер за одбрана Давиле Сакалиен изјави дека судбината на четворицата војници допрва треба да се утврди.
„Во овој момент не можеме да зборуваме за тоа, бидејќи, пред сè, сè уште нема информации за тоа, а дури и кога ќе добиеме информации, постои строг договор дека Американците први ќе дадат каква било објава“, изјави Сакалиен за литванското државно радио на 31 март.
НАТО: Сè уште трае потрагата по исчезнатите четири американски војници во Литванија