Британската јавност е шокирана од најновите тврдења на принцот Хари, кој вели дека неговото полициско обезбедување е повлечено со цел тој и Меган Маркл да бидат „заробени“ во кралското семејство, додавајќи дека неговите „најлоши стравувања се потврдени“ со тајни докази од судските постапки.
Принцот Хари ја шокираше британската јавност по жалбеното рочиште против повлекувањето на полициската заштита за него и неговата сопруга Меган Маркл.
-Најлошите стравови на војводата од Сасекс се потврдени со тајни докази слушнати во новата судска постапка, изјави принцот Хари за британски „Телеграф“.
Тој додаде дека му било „тешко да проголта“ кога му било кажано дека нивното обезбедување е отстрането, што сугерира дека одлуката е донесена поради неговиот раскол со кралот Чарлс.
„Сакаа да нè заробат во кралското семејство“
Принцот Хари зборуваше за својата болка поради начинот на кој кралското семејство се однесувало кон него и Меган и наговести дека ќе биде тешко да се надмине јазот меѓу нив.
Помладиот син на принцезата Дајана и принцот Чарлс беше шокиран откако му беше одземена полициската заштита финансирана од даночните обврзници, откако тој и Меган, војвотката од Сасекс, објавија дека се селат во САД и се повлекуваат од јавните ангажмани во кралското семејство.
Принцот Хари беше во Велика Британија за да присуствува на дводневно жалбено рочиште во Кралскиот суд на правдата, оспорувајќи го повлекувањето на неговото обезбедување кога беше во Велика Британија.
Зборувајќи пред судот, тој рече: „Се обидувавме да создадеме среќно семејство“.
Војводата и војвотката од Сасекс наводно верувале дека воспоставувањето среќен живот ќе помогне во подобрувањето на односите со кралското семејство.
Принцот Хари пред Високиот суд ја оспори одлуката за прекин на полициската заштита за себе и Меган кога се во Велика Британија.
Хари и Меган наводно веруваат дека нивното полициско обезбедување додека биле во Велика Британија било повлечено во обид да се „заробат“ во кралското семејство.
Двојката го сметала отстранувањето на полициската заштита како начин да се обидат да се вратат во Велика Британија – бидејќи сметале дека без безбедност би било небезбедно да ја посетат Велика Британија и со тоа да си стават мета на грбот.
Принцот Хари одлучи да преземе правни мерки против Владата за да ја врати службената безбедност и рече дека случајот е уште позначаен од неговите правни битки против таблоидниот печат, кој некогаш го нарекуваше „животно дело“.
„Она што го доживеав за време на процесот ја премина границата“
Во разговор за „Телеграф“, Хари рече дека имало многу злоупотреби што можел да ги прости, но она што го доживеал за време на судскиот процес „ги преминало границите“. Тој, исто така, посочи дека е вознемирен од елементите на доказите сослушани зад затворени врати на суд оваа недела.
Принцот рече: „Луѓето би биле шокирани од она што се прикрива“. Тој додаде дека неговите „најлоши стравувања се потврдени во овој случај и тоа е навистина тажно“.
Дури и ако Хари ја добие жалбата, Кралскиот и ВИП Извршен комитет (RAVEC) можеби нема да биде принуден да ја одобри желбата на војводата од Сасекс за враќање на нивното обезбедување. Принцот Хари рече дека е „мотивиран од разоткривање на неправдата“ и дека ќе продолжи да се бори, без оглед на исходот.