Арсенал и Астон Вила го потврдија пласманот во четвртфинале (ВИДЕО)

Премиерлигашите Арсенал и Астон Вила само рутински ја завршија работата што ја почнаа пред една недела и се пласираа меѓу осумте најдобри во новата сезона во Лигата на шампионите.

„Топчиите“ по триумфот од 1-7 на гостувањето во Холандија, вечерва одиграа 2-2 на домашен терен против ПСВ Ајндховен. Зинченко во 6. минута донесе водство од 1-0 за домаќинот, додека гостите преку Перишиќ израмнија на 1-1 во 18. минута. Ново водство за Арсенал (2-1) донесе Деклан Рајс во 37. минута, додека конечните 2-2 ги постави Дриуе во 70. минута.

Arsenal 2 – [2] PSV Eindhoven – Couhaib Driouech 70‎'‎
byu/slimcase121 insoccer

По победата од 1-3 во првиот меч, Астон Вила славеше и на домашен терен овојпат со 3-0 против Клуб Бриж. Сите надежи на гостите за изненадување згаснаа уште во 17. минута кога Киријан Сабе доби директен црвен картон. Стрелци на головите за Астон Вила беа Асенсио на двапати и еднаш Матсен.

 

Aston Villa [3] – 0 Club Brugge – Marco Asensio 61'
byu/ayoefico insoccer

Се вчитува...