• Иван Димовски

Фудбалерите на Хајдук Сплит го испуштија врвот во ХНЛ, меѓутоа стигнаа до реми против Локомотива (1-1) и се одржаа на бод зад новиот лидер Ријека.
Херој на сплитските „били“ беше македонскиот репрезентативец Александар Трајковски. Скопјанецот влезе во игра во 68. минута, а Хајдук беше и со десетмина поради црвениот картон за голманот Лучиќ. Се играше долго судиско продолжение, течеше осмата дополнителна минута и тогаш Трајковски го израдува „Пољуд“.
- Извештај од натпреварот:
Македонецот доби нафрлување од капитенот Марко Ливаја, одлично се снајде и со глава ја пренасочи топката во мрежата за важен бод на неговиот тим.
Ова е втор сезонски погодок на Александар Трајковски во ХНЛ и среќата посака повторно да биде против Локомотива и повторно во меч кој заврши 1-1.