Пешак прегазен во Пинтија, возачот избегал

Од
Објавено на

На 03.04.2025 во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18.15 часот на ул.„Борис Трајковски“, во близина на крстосница со ул.„Саса“, во Скопје патничко возило удрило во пешакот С.М.(28) од с.Страхојадица,скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
