НЕ ГО „ХРАНЕТЕ“ ОГНОТ СО КИСЛОРОД, А СО ПП АПАРАТ НЕ СЕ ДОБЛИЖУВАЈТЕ БЛИСКУ: Еве што треба да направите при појава на пожар во затворен простор

Објавено во: Македонија 02 Април, 2025 07:32
Во случај на пожар во затворен простор, потребно е да се направат неколку постапки со цел тој да се угуши, да не направи големи штети и да не предизвика човечки жртви. При појава на пожар во затворен простор, потребно е на истиот да му се ограничи протокот на кислород за да не се разгорува, а доколку луѓето сакаат огнот да го изгаснат со вода, треба да внимаваат на приклучоците со струја, затоа што тоа може да биде фатално.
„За пожари во затворен простор, ако станува збор за домови, пожарот се случува во просторијата каде има температура. Горлива маса, температура и кислород се трите фактори кои се неопходни за да избие пожар. Кислородот го имаме во сите простории. Горливата маса може да биде кога се готви, пржи, пече нешто. Најдобра форма е со покривање со ќебиња за заштита од пожар во почетна фаза. Тие го неутрализираат еден од факторите кои се битни за да се развие пожарот, тоа е воздухот. Тоа е она со што можеме да го задушиме огнот. Никако да не се фрла масло или вода на огнот. Тоа може да го распламти пожарот и да се прошири на другите елементи. Може да има поголема реакција. Вода не се употребува никако во кујна. Лош пример е кога се користеше вода во пожарот во Турција, каде гореше хотел. Ако пожарот се случи во останатиот дел од домот, каде има комоди или некој друг дел од мебелот и ако гори, може да се употреби вода, ако во близина нема приклучоци на струја. Додека имаме во близина струја, водата може да го усмрти оној што ја користи“, објаснува Зоран Кочоски, претседател на Противпожарниот сојуз на Македонија.
Но, и за ПП апаратите, ако решите да ги користите, треба да внимавате на растојанието, односно да не се приближувате многу до огнот. Тоа растојание не смее да биде помало од 1.5 метри од огнот.
„ПП апаратот кој е полн со прашок само го покрива пожарот, да го неутрализира дотокот на кислород. Или апарати со CО 2, тие може да се искористат, тоа лади и се препорачува таму каде имаме сериозна инсталација со кабли. Битно е да не се приоѓа блиску до пожарот. Со првото тестирање на апаратот, мора да видите како пожарот ќе реагира. Ако дојдете блиску и ако сте под несоодветен агол, ако така го гасите пожарот, огнот може да ве запали и затоа се препорачува растојание од минимум 1.5 метари за мал пожар, а за поголем од 3 до 5 метри. Ако се приближите на поголем пожар, со млазот ако реагирате, ќе ве облее вас, може да настане прскање и да ви направи штета“, објаснува Кочоски.
Ако има премногу чад, добро е да се стави мокра крпа на устата. Во пожарот во дискотеката во Кочани, минатиот месец, на 16 март загинаа 59 луѓе. По трагедијата, имало голема побарувачка на ПП апарати, односно за една недела се продале толку колку што вообичаено се продаваат за цела година. Поради големиот интерес, се зголемила и цената на ПП опремата.
Сања Атанасовска
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина 24 годишно момче кое се лекуваше во Србија по пожарот во Кочани

ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „СTAНДАРД“: Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

РАДЕВ СЕ СРЕТНА СО КОС: Кажа што очекува од Македонија

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција
