26 Април, 2025
0.0301

СНЕГ ВО СОСЕДСТВОТО - Портокалова метеоролошка тревога во Србија, за утре се најавуваат мраз и температури под нулата

Објавено во: Балкан 06 Април, 2025 09:31

Добивај вести на Viber

Медиумите од соседството јавуваат дека низ соседна Србија веќе паѓа снег, на дел од планините е забелено, а снег провејува и низ Белград.

Според последното соопштение на Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ), денеска во Србија не очекува ветровито и значително постудено време, температурите во однос на вчерашните се намалени за 10 до 15 Целзиусови степени, додека на планините се очекува снег.

Слаб снег дуваше и во Белград околу 20 часот, а моменталната температура во главниот град е 4 степени Целзиусови.

Утрово најстудено беше во Копаоник, каде беа измерени - 6 степени, потоа во Златибор - 2, Сјеница - 1 степен, додека најтопло беше во Зајечар и Неготин со 5 степени.

Како што соопштија од РХМЗ, врнежите денеска во текот на претпладнето ќе престанат на северот на Србија. Облачно со врнежи од дожд, на некои места во пониските предели на западна и централна Србија, а на планините снег.

Времето денес во Србија

Во текот на денот ќе биде умерено до целосно облачно, на места со врнежи од дожд, но и краткотрајни врнежи од снег. На планините, како и на некои места во пониските предели на југозападна и јужна Србија снег“, се посочува во соопштението на РХМЗ.

Во текот на денот ќе дува умерен и засилен северен и северозападен ветер, а во планинските предели се очекуваат краткотрајни и бурни налети. Дневната температура од 2 °C на југ до 8 °C на северот од земјава.

Време од понеделник

На почетокот на наредната недела, поточно од понеделник, се очекува утрински мраз на територијата на цела Србија со интензитет од -6 до 0 степени на височина од два метри, а во планинските предели околу -10 °С, додека постепено зголемување на температурите се очекува дури во втората половина на наредната недела.

Во деновите од неделата што следи променливо време со услови за повремени краткотрајни врнежи.

Жолтиот и портокаловиот метео аларм е вклучен

Кога станува збор за метеоролошките аларми, денеска на територијата на Србија се активни три - зелена, жолта и портокалова.

Во источна Србија е во сила жолт метео аларм поради снег и мраз.

Во Југоисточна и Југозападна Србија, како и на Косово и Метохија, исто така поради присуството на снег и мраз е активиран портокаловиот метео аларм.

Што значи жолт временски аларм?

"Времето може да биде (потенцијално) опасно. Временските феномени кои се прогнозирани не се невообичаени, но потребна е претпазливост доколку планирате активности кои се изложени на метеоролошки ризик. Треба да продолжите да бидете информирани за очекуваните метеоролошки услови. Не преземајте непотребни ризици", предупредува РХМЗ.

Што значи портокаловиот временски аларм?

„Времето е опасно. Се предвидуваат опасни временски појави, кои се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјални штети и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно да се информирате за деталите за очекуваните метеоролошки услови. Следете ги советите дадени од надлежните државни служби“, нагласуваат од РЗМЗ.

Фото: Архива

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ: Ќе одам во Москва на парадата, ама сам

Вучиќ: Ќе одам во Москва на парадата, ама сам

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

ПОЖАР ВО ЗАГРЕБ: Се запали градинка

ПОЖАР ВО ЗАГРЕБ: Се запали градинка

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник

ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија

ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија

БУРА РЕАКЦИИ: Килограм лубеница чини 4 евра во земја од регионот

БУРА РЕАКЦИИ: Килограм лубеница чини 4 евра во земја од регионот

ПЦОВКИ И ТУПАНИЦИ: Во босански град сестри се степале поради имот

ПЦОВКИ И ТУПАНИЦИ: Во босански град сестри се степале поради имот