Словенечки клуб ги тужи своите навивачи: „Нанесуваат голема штета на клубот и градот“

Словенечкиот тим Олимпија Љубљана, беше казнет од страна на УЕФА со повеќе од 180.000 евра, поради недолично однесување на нивните навивачи во плеј-офот против Борац Бања Лука. Исто така трибините на стадионот ќе мора делумно да бидат затворени на слендиот домашен европски натпревар.

Олимпија излезе со соопштение, во кое најавува тужба против сопствените навивачи за оваа штета.

„Од 2022 година до сега клубот мораше да плати на УЕФА казни во висина од пола милион евра поради дивеењето на навивачите. Овие санкции беа наметнати поради повторени немири, насилство и расизам од страна на поединци. Олимпија се оградува од тие навивачи. Насилството и расистичките изјави едноставно не припаѓаат на фудбалските стадиони. Ова мора да се прекине. Раководството на клубот на тој начин одлучи на вонреден состанок да поднесе кривични пријави против физички лица и да ги тужи за оштета. Имено, има само неколку кои донесоа голем срам и штета и на клубот, на градот и на државата. Тие ќе бидат откриени со помош на безбедносна снимка и персонализација на билетите, а надлежните органи потоа ќе одлучуваат за казни. Како што влегуваме во последниот дел од оваа прекрасна сезона, би сакале искрено да им се заблагодариме на нашите верни фанови за исклучителната поддршка што ја имавме и дома во Стожице и низ Европа“, велат од Олимпија.

Се вчитува...