Легендарниот шпански возач Фернандо Алонсо наиде на необичен проблем вчера на вториот тренинг пред Големата награда на Бахреин.
Кариерата на Алонсо трае 25 години, но сигурно никогаш не го доживеал тоа што се случи вчера во Бахреин. Имено, на сред возење на Алонсо му падна воланот и му остана в раце.
За среќа, брзината со која Алонсо се движеше во тој момент во неговиот Aston Martin не беше преголема, а имаше и среќа што на тркачката патека во Бахреин има многу простор надвор од границите на патеката, па не се заби во ѕидот.
Алонсо успеа да го искористи своето искуство за да се снајде и да го врати воланот на предвиденото место, а потоа да сврти надесно за да го продолжи кругот за време на тренингот.
Fernando Alonso’s steering wheel has come off
The Spaniard is back in the pits now as Aston Martin investigate the issue #F1 #BahrainGP pic.twitter.com/fV1INSJYM4
— Formula 1 (@F1) April 11, 2025
Во Бахреин денеска од 14 часот и 30 минути ќе се одржи третиот тренинг, а квалификациите се закажани за 18 часот. Трката е утре во 17 часот.