Атмосферата во Србија пред ескалација - во Белград се трупаат студенти, земјоделци но и разно разни реквизити

Трактори го окупираа Пионерскиот парк во центарот на Белград во поддршка на мала група студенти кои веќе 8 дена кампуваат велејќи дека сакаат да учат.

Дел од јавноста ја обвини владејачката партија на Александар Вучиќ дека стои зад организацијата на овој чекор. Студентите пак кои пеш се движат кон Белград велат дека ништо нема да ги исплаши.

- Ова е всушност наш облик на борба, како нашите претци оделе во битка така и ние одиме мирно во битка за правдам така што чекориме и што го дигаме народот. Мислиме дека овој чекор ќе ја донесе иднината за која се бориме. - Немања Игњатовиќ, Студент од Ниш.

- Енергијата, луѓето кои се многу љубезни, ми го исполнува срцето кога не поздравуваат, ни даваат вода, храна, и колку и да сме уморни ние продолжуваме. - Елеонора, студентка од Ниш.

Српскиот претседател вчера ги замоли студентите кои се наоѓаат во Пионерскиот парк да си одат дома во сабота и да се вратат следниот ден за да се избегнат судири. 

- Ги гледам овие прекрасни деца, илјадници под шатори, гледаат да не накиснат. И што се не издржаа без никого да навредат. - Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Во рамките на подготовките за утрешниот протест, граѓаните поставија вреќи со камења по улиците. Активистите претходно апелираа до градските власти да ги отстранат бетонските блокови од плоштадот Никола Пашиќ поради загриженоста за безбедноста на граѓаните за време на протестите.

На социјалните мрежи се објавени неколку видеа на кои се гледа како некои луѓе носат цигли до Паркот на Пионер. „Србијавоз“ синоќа добила дојава за бомби во возовите што се толкува како обид да се запрат демонстрантите да стигнат до Белград.

Амбасадата на Соединетите Американски Држави издаде безбедносно предупредување за своите државјани во врска со утрешниот протест и се вели дека во Белград се очекуваат големи протестни акции, при што вкупниот број учесници потенцијално ќе достигне стотици илјади. Протестите може да се прошират во поголем дел од центарот на Белград, особено во областите во близина на државните институции и седиштето на јавниот радиодифузен сервис РТС“.