ДДВ

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

678

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 01.06.2000 година)

Де­но­ви­ве, не без при­чи­на, и не без прак­ти­чен по­вод, се пот­се­тив на ед­на со­се­ма без­на­чај­на епи­зо­да од мо­и­те мла­ди док­то­ран­дски де­но­ви во Гер­ма­ни­ја.






Во да­леч­на­та учеб­на 1969/70 го­ди­на бев сти­пен­дис­т на де­нес ве­ќе свет­ски поз­на­ти­от Мак­с План­к Ин­сти­тут за стран­ско и ме­ѓу­на­род­но кри­вич­но пра­во во Фрај­бур­г ин Брај­зга­у и ра­бо­тев врз мо­ја­та док­тор­ска те­за за прав­на­та по­лож­ба на осу­де­ни­кот по из­држа­на­та каз­на. Ин­сти­ту­тот то­гаш бе­ше мал. Има­ше од­вај пет стран­ски гос­ти (во спо­ред­ба со де­неш­ни­те пе­де­се­ти­на). По при­ро­да­та на ра­бо­ти­те, ни­е „гас­тар­бај­те­ри­те” (ка­ко што на ше­га се на­ре­ку­вав­ме се­бе­си), се др­жев­ме за­ед­но и во Ин­сти­ту­тот и над­вор од не­го. Се­кој ден (за 1,20 ДМ) ру­чав­ме во уни­вер­зи­тет­ска­та Mensa academica. Са­мо мош­не рет­ко мо­жев­ме да си го доз­во­ли­ме лук­су­зот да ја­де­ме в рес­то­ран. Епи­зо­да­та на ко­ја се се­тив се одиг­ра ток­му во те­кот на еден та­ков (ек­склу­зи­вен) ру­чек.

Мо­јот шпан­ски при­ја­тел Ми­гел Ба­хо Фер­нан­дез (де­нес ви­ден про­фе­сор на Уни­вер­зи­те­тот во Мад­рид и бо­га­т ад­во­кат) во еден мо­мент, ко­га ни го до­не­со­а ја­де­ње­то, нер­воз­но ре­а­ги­ра­ше на то­а што не ни до­не­ле и леб. И Шпанци­те, име­но, ка­ко и Ма­ке­донци­те, не мо­же да си за­мис­ла­т ру­чек без леб. Кел­не­рот, по­го­ден од нер­воз­ни­от тон на мо­јот при­ја­тел, не се пре­да­ва­ше, го пог­лед­на енер­гич­но аро­ган­тни­от Шпа­не­ц и – ка­ко да е то­а нај­при­род­на­та, нај­раз­бир­ли­ва­та ра­бо­та на све­тот – од­вра­ти:

„Прош­та­вај­те гос­по­ди­не, уба­во се се­ќа­ва­м де­ка ви­е леб во­оп­што и не на­ра­чав­те”.

Шпа­не­цот са­мо што не го уд­ри да­мла: „Тре­ба да по­ра­чу­ва­м леб?! Ова е не­чу­е­но, ова е на­пол­но лу­да зем­ја!”. А ко­га ве­ќе фа­ти да се ка­ра, из­на­ка­жа ед­но чу­до ра­бо­ти и, ме­ѓу дру­го­то, ка­ко кру­н­ски до­каз, ту­ку ис­тре­се и еден ва­ков ар­гу­мент: „Кол­ку са­мо да зна­е­те – во еден ју­гос­ло­вен­ски рес­то­ран во смет­ка­та ни­ко­гаш не пи­шу­ва ‘Mehrwertsteuer eingerechnet’, но за­то­а пак се­ко­гаш има леб на ма­са­та!”. Не ве­ру­ва­м де­ка кел­не­рот осо­бе­но се пот­ре­се, ни­ту пак де­ка бе­ше прем­но­гу им­пре­си­о­ни­ран со прес­ти­жот на ма­ли­от, бе­ден гас­тар­беј­тер­ски рес­то­ран во Annagasse. Но, то­а не е ни важ­но.

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини
na