Имате ли грам совест?!

18.03.2025 01:11
Имате ли грам совест?!

Имате ли грам совест?!

Од вчера до денес гледам лицемерие на ниво на трагикомедија!

Градоначалник кој плаче обвинувајќо го системот, а е дел и го унапредува истиот!

Директор на средно кој не се удостои да изрази сочувство, ама вечерта реши дека децата треба „организирано“ да тагуваат.

Поранешен министер, опкружен со сопствените нерешени афери и изгорени луѓе, ни држи прес и повикува на одговорност.

Имавме студентски собир, а на него, наместо студентите, ни зборуваа министерот и ректорот, со поезија и празни зборови, како да сме на школска приредба, а не во најтешката национална трагедија!

И сето ова под будното око на партиските службеници што повикуваат на тишина, на воздржаност, на „достоинство“ во умирањето!

Кого браните?!

Изгореа деца! Тргнете ги вашите партиски дресови и излезете пред родителите на тие деца, сигурно меѓу нив има и од ВМРО, и од СДС, и од секоја боја на политичкиот спектар.

Или трагедијата е трагедија само кога е „политички погодна“ за вас?!

Дали вашата партиска книшка, директорска фотелја или државно работно местенце вредат повеќе од 60 детски животи?! Толку ли евтино се продавате?!

Ова нема да се заборави. Нема да се заташка со говори, со празни флоскули, со фејсбук сочувства и патетични прес-конференции. Бидејќи додека вие глумите трагедија на камери, секој родител во оваа држава се прашува истото - кое дете е следно?!