Влезници за СП: Еден меч на Македонија чини 50 евра, најевтини билети за групата на „триколорите“

Организаторите на Светското првенство во ракомет објавија дека билетите за сите натпревари не се комплетно распродадени и истите можат да се набават по цена која варира од минимум 20 евра за првата рунда, додека за главната фаза најниска цена на билетите ќе биде 80 евра. 

Цените се менуваат во однос на групата и градот каде што се играат натпреварите, па така најевтиниот билет за да ја гледате Хрватска чини 25 евра, но овие влезници се веќе продадени. Во моментов останати се само седишта со цена од 60 и 70 евра. 

Најевтината влезница за групата Д (во која игра репрезентацијата на Македонија) чини 50 евра за еден натпревар, а најниска цена која фановите можат да ја платат е за групата која се игра во Пореч, што значи дека може да ја гледаат Франција за само 20 евра. 

Во сите градови цената за најскапите обични седишта не ја надминува сумата од 70 евра, а поскапи пакети нудат само за седиште во ВИП-ложите.