Познатиот пејач Руби Перез го загуби животот откако се урна покрив на ноќен клуб за време на неговиот настап во Санто Доминго.
Во урнатините на ноќниот клуб Џет Сет, спасувачите го пронајдоа телото на познатиот пејач по долга и обемна потрага.
Центарот за вонредни ситуации на Доминиканската Република потврди дека телото e пронајдено во 6.10 часот.
Портпаролот на Центарот, Хуан Мануел Мендез, исто така објави дека бројот на жртви се искачи на 113.