Познати сите парови: Два европски класици во четвртфиналето на ЛШ

Со комплетирање на осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, веќе е познат костурот и за понатамошниот тек на натпреварувањето. Два натпревари од осминафиналната фаза ги решаваа пеналите, а сите останати завршија по 180 минути фудбал.

Веќе во четвртфиналната фаза се очекуваат неколку големи дерби дуели. Секако едниот ќе биде двомечот на Арсенал и Реал Мадрид, додека има и еден европски класик меѓу Баерн и Интер. Барселона налета на Борусија Дортмунд, а на хартија најлесно помина ПСЖ со Астон Вила иако тимот на Емери е сериозен. 

  • Четвртфинални двојки во Лигата на шампионите:

Арсенал - Реал Мадрид
ПСЖ - Астон Вила

Барселона - Борусија Дортмубд
Баерн - Интер

*паровите се групирани како што вкрстуваат понатаму во полуфиналето. 

Првите четвртфинални дуели ќе се одиграат на 7 и 8 април, а реваншите се на една седмица подоцна на 14 и 15.