Артета потврди: Сака се враќа за мечот со Фулам и ќе игра против Реал во ЛШ

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди пред англиските медиуми дека најдобриот играч во тимот, Букајо Сака, се враќа од повредата и ќе биде во конкуренција за настап на следниот првенствен меч против Фулам. 

Ова се одлични вести за навивачите на „топчиите“, затоа што автоматски Сака ќе биде подготвен за игра и против Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите. 

„Букајо е подготвен за враќање на терените. Сакаме да ја дозираме минутажата, иако тој инсистира да игра повеќе. Ќе се обидеме паметно да ја менаџираме неговата ситуација, бидејќи ни е потребен и во Лигата на шампионите. 

Знаеме какво влијание има врз нашата игра и колку може да им помогне на своите соиграчи. Сака е фудбалер од светска класа и многу сме среќни што го имаме во нашиот состав. Ќе видиме дали ќе игра против Фулам, се надевам дека ќе добие минути на теренот“, изјави Артета. 

Арсенал ќе се соочи со Фулам на први април, а потоа следува и меч со Евертон во Ливерпул. Прват четвртфинална пресметка во Лигата на шампионите ќе се одигра на осми април.